Следните неколку години би можело да биде исклучително топло, покажуваат најновите истражувања врз основа на математички модел.
Истражувачите развиле математички модел кој предвидува колку ќе биде просечната температура на површинскиот воздух за време на следните години, а резултатите покажуваат дека од 2018 до 2022 година можеме да доживееме екстремни температури, пренесува Би-Би-Си.
На почетокот на 21. век научниците истакнале дека постои пауза во загревањето, но неколку анализи покажале дека 5-те најтопли години следувале после 2010 година.
Новиот метод на предвидување на глобалните температури укажува дека наредните неколку години ќе биде потопло од очекуваното. Високите температури кои се предвидени следните неколку години ќе следуваат поради малата веројатност за настапување на исклучително ладните периоди.