Ново истражување во Норвешка покажало дека нивото на интелигенција кај младите луѓе се повеќе се намалува.
Во изминатите 90 години интелигенцијата кај младите рамномерно се зголемувала во просек три поени по генерација, и тој феномен е наречен Флин ефект. Но, на тоа изгледа му е дојден крајот.
Научниците Оле Рогербург и Бернт Братсберг од Центарот за економски истражувања Рагнар Фриш, направиле ново истражување во кое анализирале резултати на повеќе од 730 илјади мажи. Споредувајќи резултати на мажите и нивни татковци кога биле во исти години, заклучиле дека мажите во однос на нивните татковци имале понизок коефициент на интелигенција.
Се наведува дека една од можните причини за намален коефициент на интелигенција е тоа што младите се повеќе користат технологија наместо да читаат книги.
Истражувањето ги донело до заклучок дека често консумирање риба и доволно сон подобрува интелигенција. Пред спроведувањето на тестот, 500 деца биле испрашани колку пати месечно консумираат риба. Децата кои консумирале риба еднаш неделно имале пет бодови повеќе во однос на оние деца кои риба консумирале ретко или речиси никогаш.