Од кога постои човекот, постои прашањето за животот и смртта. Отсекогаш луѓето се интересирале колку долго ќе живеат и дали може да се предвиди овој податок.
Па така, научниците дошле до идеја да ги истражуваат забите во човековото тело, бидејќи тие се поврзани со внатрешните органи и системите на повеќе нивоа.
Според бројот на забите што некој ги изгубил, може да се предвиди колку долго тој ќе живее. Но, исто така, укажува и на болестите од кои боледува или за кои има предиспозиција дека ќе заболи.
Луѓето кои ги имаат сите свои заби до 74 година имаат шанси да доживеат 100 години, покажало новото истражување на оваа тема, објавено во научното списание Periodontology 2000.
Оние кои до својата 65 година изгубиле 5 или повеќе заби, веројатно ќе заболат од сериозни здравствени проблеми, како кардиоваскуларни болести, дијабетес, остеопороза.
Сето ова секако е поврзано со квалитетот на живеење на поединецот и социоекономската ситуација, но и со стресот.