Група научници под раководство на Сара Сигер од Масачусетскиот технолошки институт објави теоретски модел кој претпоставува дека во сулфурните облаци на Венера може да постојат биолошки организми.
Се претпоставува дека втората планета на Сончевиот систем е населена со микроорганизми способно да паѓаат во пониските слоеви на атмосферата преку капки и да создаваат своевидни спори.
Според истражувањето, засега засновано само на хипотеза, е дека дел од тие спори согоруваат во екстремно жешките услови блиску до површината, но голем дел успеваат да се извишат со помош на воздушни струи и да се множат, во своевиден животен циклус.
Според истражувачите, овие микроорганизми на Венера можат да добиваат хранливи состојки додека се наоѓаат во капките, трансформацијата во спори се случува во екстремните услови на ниските слоеви од атмосферата.
Истражувањето е објавено во најновото издание на списанието Астробиолоџи.
Интересот за истражување на Венера доаѓа со плановите да се испрати постојана лабораторија во високите слоеви на атмосферата каде е забележано присуство на кислород и, според научниците, владеат благопријатни услови за живот.