Традиционалните пцости, не оние помеките алтернативи, туку оние пожестоките, ја зголемуваат издржливоста на болка, и тоа до една третина, објави Мирор.

Група научници предводени од психологот Ричард Стивенс од Кил универзитетот во Њукасл, испитуваа каков ефект би имале нови кованици, измислени од нив.

Доброволците, кои учествувале во „тестирањето“ на помеките пцости, по потопувањето на рацете во многу студена вода, беа категорични дека тие фрази се „помалку ефикасни“ од традиционалните вулгарности.

– Зборовите што ги измисливме, дефинитивно го немаат ефектот за намалување на болката… Најдобрата опција си се старите пцости, нагласува д-р Стивенс.

– Уште од најрана возраст ги поврзуваме пцостите со стресните ситуации. Знаеме, исто така, дека тие зборови се забранети… Тие силни емоции не можат да бидат заменети со нови измислени пцости, додава тој.

Некои од новите „вулгаризми” во англискиот јазик се „twizpipe” и „flouch”. Тие се измислени со помош на лингвисти, така што да наликуваат на вулгарни, но и да бидат општествено прифатливи. Доброволците ги оцениле постарите пцовки како 1,5 пати поемоционални од новите кованици.

Лексикографот Џонатан Грин, инаку автор на специјализиран сленг-речник, смета дека во жаргонот вообичаено има над 1.000 безобразни зборови, но секогаш има место за повеќе.

– Новиот збор треба да е полезна, креативна и по можност – остроумна. Пцостите не доаѓаат од никаде. Таа треба да биде привлечна за луѓето, за да биде прифатена во широкиот јазичен свет, смета Грин.