Олку не е направено за Ѓорче во последниве 20 години, колку што е направено во овие четири години и затоа знам дека ја имам вашата поддршка, порача вечерва кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Александар Наумоски.
Наумоски пред присутните истакна дека во следниот мандат ќе продолжи со реализација на капитални проекти важни за општината.
„Покрај Клиничкиот центар, за првпат градиме ново основно училиште во општината, во населбата Александрија со најсовремена спортска сала која ќе исполнува услови за меѓународни натпревари. За овој проект ќе издвоиме околу 3 и пол милиони евра, во него ќе учат 500 деца од Ѓорче Петров. Ново Село добива нова детска градинка, инвестиција вредна 800.000 евра, со капацитет за 150 деца.
На местото на урнатата градинка во Дексион имаме проект да се изгради нова детска градинка со капацитет за 150 деца, здравствен објект и мини трговски центар со катна гаража. Лепенец мора да добие кеј со спортско-рекреативна зона, со тоа го решаваме хаосот со депонии долж реката и добиваме кеј поубав од оној во Скопје. Градиме нови спортски сали во Хром и Никиштани.
Го решаваме слабиот притисок на вода во ниските зони од Јурија до Хром, со изградба на нов резервоар во Оризарски Рид“ порача Наумоски повикувајќи ги граѓаните на 17 октовмри да гласаат за број 12.