Александар Наумоски актуелен градоначалник на Ѓорче Петров, а сега бара втор мандат од граѓаните и во јавноста се прослави со молзење на крави, мета на критики од жителите на општината.
Ова е вторпат како во неговата програма/отчет, како реконструирани и асфалтирани се пишани улици кои на терен се со кал и вирови. Овојпат, станува збор улица 7 во општината, која се наоѓа во Волково. Ако се види во програмата на Наумоски, таа помеѓу улиците кои добиле асфалт.
„Асфалтирани се следниве улици…. и ул. 7 во должина од 85 метри“, стои во програмата/отчетот со кој бара гласови за нов мандат.
Меѓутоа, фотографиите од терен го покажуваат сосема спротивното, односно дека Наумоски лаже во својот отчет за тоа што сработил во овие 4 години. Граѓаните на оваа општина со докази го демантираат нивниот градоначалник.