Рускиот опозиционер Алексеј Навални тврди дека му е забрането да ја напушти Русија.
– Дојдов на аеродром. Летам да ја слушнам одлуката на Европскиот суд за правда, меѓутоа ми го земаа пасошот за да извршат посебни проверки, напиша Навални на Твитер, додавајќи дека од полицијата му соопштиле оти не може да ја напушти Русија.
Тој вели дека добил писмо во кое пишува дека му е забрането да ја напушти Русија, но причината не е наведена.
Навални во последните месеци беше уапсен неколку пати.
Последниот пат беше приведен на 29 септември, а неколку дена подоцна му беше изречена затворска казна од 20 дена поради повик на протест.