Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас во јануарскиот трансфер прозорец ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“, објавија шпанските медиуми.
Според АС, 31-годишниот Костариканец не е задоволен од статусот втор голман, по пристигнувањето на Тибо Куртоа.
Навас сака да оди во еден од клубовите во шампионатот на Англија.
Реал Мадрид е подготвен да го пушти својот втор голман во јануари. „Трансфермаркт“ го проценува голманот на 18 милиони евра.
Навас е дел од Реал Мадрид од 2014 година. Со „Кралскиот клуб“ тој го освои шампионатот во Шпанија и три пати стана победник на Лигата на шампионите.
Во тековната сезона, Навас беше на голот на Реал осум натпревари и прими осум голови.