Фудбалерот од средниот ред на Милан, Тимуе Бакајоко, позајмен од Челзи, вчера беше цел на расистички навреди на натпреварот од Серија А од третото коло против Лацио.
Дваесет и седумгодишниот Французин на средбата влезе како замена во 61. минута, но го напушти теренот во 74. минута поради повреда.
Додека беше на теренот, кон Бакајоко навивачите на гостите во неколку наврати упатија навреди на расна основа.
– Во врска со дискриминаторските скандирања од гостинските фанови, клубот од Милано ќе ја разгледа можноста да поднесе жалба до Италијанската фудбалска федерација, се вели во соопштението на Милан.
За потсетување, во сезоната 2018/19, кога играчот од средниот ред за првпат играше за „росонерите“, Лацио беше условно казнет со затворање на навивачкиот сектор на трибините поради расизмот изразен кон Бакајоко и Френк Кеси.