Во четврток во Софија ќе се одигра реванш средбата меѓу Левски и Шкупи, во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Секако дека тој меч со нетрпение се очекува ако се знае што се се случуваше во Скопје, дека имаше бројни инциденти.
Во пресрет на дуелот во Софија, фановите на Левски преку социјалните мрежи, а истите ги пренесоа тамошните медиуми, бројни закани до “Шверцери“, до фановите на Шкупи да не помислуваат да доаѓаат во Софија:
„Ние како навивачи на Левски имаме дефинитивен став за претстојниот реванш во Софија. Навивачите на Шкупи да не доаѓаат. Софија не е место за шетање, посебно не по инцидентите во Скопје. Сепак ако се решат да дојдат, тие нема убаво да си поминат“ се вели во дел од соопштението на фановите на Левски