Навивачите на Левски кои денеска треба да пристигнат во Скопје на мечот против Шкупи најавуваат дека во 19 часот ќе бидат пред споменикот на Самоил, како што нарекуваат големиот бугарски цар.
Тие доаѓањето во центарот на градот го најавија на Фејсбук страницата на клубот со провокација и навредиливи изрази „северни тепачи“ и „е..чи“.
Покажете дека не сте кукавици-повикуваат бугарските навивачи.
Иако навивачите од Софија имаат точни насоки каде да се движат, а тоа не е центарот на градот тие сепак ќе се обидат да дојдат до плоштадот.