Кошаркарите на Голден Стејт триумфираа синоќа на домашен терен над Лос Анџелес клиперс, откако со помош на феноменалниот Стеф Кари се вратија од негатива од 20 поени за конечни 115:105.
Кари имаше уште блескава шутерска вечер во својата кариера, постигнувајќи 38 поении, од кои девет „тројки“, а додаде и 11 асистенции.
НБА резултати од ноќта меѓу петокот и сабота:
Милвоки – Јута 118:131
Голден стејт – Лос Анџелес клиперс 115:105
Детроит – Феникс 110:105 (по продолжение)
Бостон – Вашингтон 116:107
Њујорк – Оклахома 89:101
Њу Орлеанс – Шарлот 110:118
Хјустон – Орландо 132:90
Мемфис – Бруклин 115:110
Лос Анџелес лејкерс – Чикаго 117:115
Сакраменто – Торонто. 123:144.