Лука Дончиќ имаше ноќ за паметење во НБА лигата и покрај поразот на Далас од Чикаго од 117:101, откако стигна до својот 29 трипл-дабл ефект во кариерата.
Словенечкиот кошаркар мечот го заврши со фантастични 36 поени, 16 скокови и 15 асистенции, минувајќи го на вечната трипл-дабл листа легендарниот Мајкл Џордан.
Кошаркарот на Далас, кој ја игра само својата трета сезона во НБА, сега е на два чекори да го израмни рекордот што го држи Џон Хавилчек, кој своите 31 трипл-дабл ефекти ги постигна за вкупно 16 сезони минати во најсилната кошаркарска лига на светот.
Резултати од ноќта меѓу неделата и понеделник:
Денвер – Јута 105:109
Сакраменто – Њу Орлеанс 123:128
Лос Анџелес клиперс – Индијана 129:96
Далас – Чикаго 101 :117
Бостон – Њујорк 75: 105
Натпреварите Вашингтон – Кливленд и Оклахома – Филаделфија беа одложени поради здравствените протоколи што се на сила во НБА лигата.