Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го предводеше Далас во триумф на гостински терен во НБА лигата против Хјустон, постигнувајќи 50 поени во победата од 112-106.
За Дончиќ ова е втор пат во кариерата да постигне најмалку 50 поени на натпревар во НБА лигата.
На Дончиќ прв пат тоа му успеа на 10 февруари оваа година, кога на дуелот против ЛА Клиперс уфрли 51 поени.
„Понекогаш чувствувате дека ќе погодите повеќе шутеви од вообичаеното. Кога го имате тоа чувство, тогаш ви се чини дека реализирате од секој обид“, изјави по натпреварот Дончиќ, кој постигна 17 поени во последната четвртина и со тоа спречи пресврт на Хјустон.