Екипата на Голден стејт ќе игра во големото финале на НБА-лигата откако рано утрово го победи Портланд на негов терен со 119:117. До триумфот „воините“ дојдоа по продолжение од пет минути, бидејќи мечот во основите 48 минути заврши нерешено 111:111.
Најзаслужен за триумфот на гостите беше Стеф Кари со трипл-дабл ефект – 37 поени, 11 асистенции и 13 скока.
Финалната серија во Западната конференција заврши со „чисти“ 4-0 за Голден стејт.
Противник на актуелниот шампион во борбата за трофејот ќе биде поуспешниот од финалето на Истокот каде во моментов Милвоки води против Торонто со 2-1 во серијата прв до четири победи.