Хјустон рокетс го победи Бостон селтикс и му ја прекина серијата од седум последователни победи во НБА лигата.
Најефикасен играч на мечот во „Тојата центар“ беше Џејмс Харден со 42 поена. „Брадата“ имаше и осум скока и седум асистенции и заедно со Расел Вестбрук кој средбата ја заврши со 36 поени и 10 скока беа најзаслужните за триумфот на Рокетс.
Резултати на натпреварите од најсиланата светска кошаркарска лига играни ноќта вторник кон среда:
Филаделфија – Лос Анџелес клиперс 110:103
Вашингтон – Чикаго 126:114
Њу Орлеанс – Портланд 138:117
Оклахома Сити – Сан Антонио 106:114
Хјустон – Бостон 116:105.
Двете водечки екипи во конференциите се ЛА лејкерс со биланс 40-12 (победи-порази) и Милвоки бакс со 46-7.