Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг, изрази загриженост поради контролните натпревари во Кина во претсезонскиод дел од НБА-лигата, пренесува ЕСПН.
Наведено е дека политичкиот скандал што се појави по твитот на генералниот менаџер на Хјустон, Дарил Мори во знак на поддршка на демонстрантите во Хонг Конг, предизвика загриженост за играчот. Тој не е сигурен дека вреди да се игра во такво опкружување.
Исто така, се посочува дека тој е подготвен да не игра доколку тоа помогне во решавање на проблемот.
Претходно беше објавено дека НБА може да изгуби околу четири милијарди долари поради скандалот. „Ли Нинг“ и „Виво“ престанаа да соработуваат со Хјустон и лигата, додека „ССТВ“ и „Тенсент“ престанаа да прикажуваат претсезонски натпревари. Договорот со „Тенсент“ е дизајниран за една и пол милијарда долари.