Најсилната светска кошаркарска лига – НБА ја објави идеалната петорка за сезоната 2019/20.
Место во најдобрите пет има за:
Леброн Џејмс (Лос Анџелес лејкерс)
Јанис Адетокунбо (Милвоки)
Лука Дончиќ (Далас)
Ентони Дејвис (Лос Анџелес лејкерс)
Џејмс Харден (Хјустон).
Направен е и избор за втората и третата петорка. Во нив се најдоа:
Втора петорка: Демиен Лилард (Портланд), Кави Ленард (Лос Анџелес клиперс), Никола Јокиќ (Денвер), Крис Пол (Оклахома Сити) и Паскал Сијакам (Торонто).
Трета петорка: Бен Симонс (Филаделфија), Џејсон Тејтум (Бостон), Џими Батлер (Мајами), Руди Гобер (Јута) и Расел Вестбрук (Хјустон).