НБА лигата ќе ги казни играчите за кршење на карантинот од 30 јули, изјави новинарот на „ЕСПН“, Боби Маркс.
– Од 30 јули кошаркарите ќе бидат казнети ако го прекршат карантин. За секој пропуштен натпревар ќе изгубат еден процент од платата. На пример, Ришон Холмс, кој претходно го прекрши карантин, би платил по 50.000 долари за секој пропуштен меч, напиша Маркс на Твитер.
Центарот на Сакраменто, Ришон Холмс стана првиот играч на лигата што ги прекрши правилата за карантин. За да ја земе нарачаната храна, тој го напушти кампусот во Орландо, каде се наоѓаат сите екипи кои ќе учествуваат во продолжување на сезоната.
Сезоната 2019/20 година во НБА лигата е предвидено да продолжи на 30 јули.