Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс ја совладаа Јута со 131 :119 и со вкупен резултат од 4:2 изборија историски пласман во финалето во Западната конференција, додека на Истокот, Филаделфија триумфираше во Атланта со 104:99 и избори решавачки седми натпревар во разигрувањето за титулата во НБА лигата.
„Клиперси“ се пласираа во конференциско финале првпат во својата 51-годишна историја, откако во шестиот натпревар се вратија од негатива од 25 поени, предводени од Теренс Ман, кој постигна 39 поени.
Калифорниската екипа во големото финале ќе игра против Феникс, а првиот натпревар е на распоредот в понеделник во Аризона.
Во источната конференција, Филаделфија со тимска игра ја совлада Атланта на гостински терен и се избори за „мајсторка“ в понеделник пред своите навивачи. Најефикасни во редовите на Атланта беа Џоел Ембид (22 поени и 13 скокови), Тобијас Харис и Сет Кари со по 24 кошови.
Седми натпревар ќе се игра и во второто полуфинале во Источната конференција, во кое Мемфис и Бруклин се израмнети 3:3 во серијата до четири победи.