Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс го исполни ветувањето и се откажа од бр.23 во корист на новото засилување на тимот од Калифорнија – Ентони Дејвис.
„Кралот“ закачи слика во Инстаграм, на која позира заедно со Дејвис, а двајцата држат дрес на „езерџиите“ со името на поранешната ѕвезда на Њу Орлеанс и досегашниот број на Леброн.
„Официјално „езерџија“, гласи коментарот под сликата која веќе има повеќе од 2 милиони лајкови.
Легендата Ален Ајверсон го одобри потегот, а голем број други суперѕвезди од различни сфери исто зедоа позитивен став – Џејми Фокс, Снуп Дог, како и официјалниот профил на Лејкерс.