Најдобриот тим во Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс игра против Портланд Трејлблејзерс во првото коло од плеј-офот во НБА-лигата, а доколку одат понатаму, во останатиот дел од плеј-офот ќе носат специјални дресови во чест на Коби Брајант.

Така тврди Бред Тарнер, новинар на Лос Анџелес Тајмс. Наводно, дресот ќе излезе во продажба на 24 август, што е симболичен датум бидејќи ги претставува двата броја (24 и 8) кои Брајант ги носеше во текот на својата кариера во Лејкерс.

Дресот за прв пат беше претставен во 2018 година и го дизајнираше Брајант. Тој е црна боја, што потсетува на змиска кожата, што е во чест на прекарот „Црна Мамба“, што го имаше Брајант.