Меџик Џонсон, поранешен кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и актуелен директор за кошаркарски трансфери во клубот, поднесе оставка на функцијата.
На ваков потег кошаркарската легенда се одлучи по недоразбирањата со раководството на клубот во врска со продажбата на некои кошаркари за кои Меџик смета дека не им требаат на Лејкерси.
Меџик изјави дека сопственикот на клубот Џини Бас му потврдил дека ќе ја има сета власт при донесување одлуки, но очигледно не било така.
Инаку, сега веќе директорот во оставка наведе дека имал намера да направи трансфери кои се однесуваат на Лонзо Бал, Џулиус Рендел и Ивица Зупец, а сакал да го разреши и Лук Волтон.