Кошаркарите на Мемфис го победија синоќа на гости по продолжение Голден Стејт со 117:112 и со тоа изборија место кое води во доигрувањето во Западната конференција во НБА лигата.

Морант беше играч на натпреварот со 35 поени, од кои пет тројки, за екипата на Мемфис, која влезе во жрепката за плејофот на Западот како осмопласирана. Првиот натпревар Мемфис ќе го игра в недела против првопласираната Јута.

Сезоната заврши за Голден Стејт, кои ги загубија двата едноподруго натпревари во новиот плејин формат, вклучувајќи го и поразот од Лос Анџелес лејкерс 100:103 во средата.