Во НБА плејофот ноќеска се одиграа два натпревара на кои победи забележаа екипите со најдобар биланс во основниот дел од сезоната.
Милвоки го совлада Мајами и успеа да избегне елиминација во конференциското полуфинале на Исток без добиен натпревар.
Во Западната конференција, Лос Анџелес лејкерс ја забележа првата победа во пресметката со Хјустон рокетс и го изедначи резултатот во серијата прв до четири победи.
Резултати:
Мајами – Милвоки 115:118 по продолжение (3-1 во победи)
ЛА лејкерс – Хјустон 117:109 (1-1 во победи).
Вечер по полноќ играат:
Торонто – Бостон (2-2) и
Денвер – ЛА клиперс (1-1).