Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс изби на третото место на листата најдобри стрелци во НБА лигата. Против Филаделфија, ноќеска, постигна 29 коша и сега има вкупно 33.644 или еден повеќе од Коби Брајант.
Пред Џејмс се само легендарниот „поштар“ на Јута, Карл Мелоун со 36.928 поени и големиот Карим Абдул Џабар 38.387 коша од кои само една тројка.
Но, ефектот на Леброн, сепак, беше недоволен за „езерџиите“ да избегнат десетти пораз во сезоната. „Седумдесетишестките“ на крајот славеа со 108:91, а најзаслужни за тоа беа Тобијас Херис со 29 коша и Бен Симонс кој го заврши мечот со дабл-дабл учинок (28 поени, 10 скока).
Резултати: Јута – Далас 112:107, Детроит – Бруклин 111:121 (по продолженија), Кливленд – Чикаго 106:118, Минесота – Оклахома 104:113, Филаделфија – Л.А. Лејкерс 108:91.