Кошаркарот на Бруклин, Џејмс Харден ќе игра на НБА „Ол-стар“ деветта година по ред. Покрај него, резервисти на Источната конференција ќе бидат: Џејлен Браун и Џејсон Тејтум (двајцата Бостон), Зак Лавин (Чикаго), Џулиус Рендл (Њујорк), Бен Симонс (Филаделфија) и Никола Вучевиќ (Орландо).
Плејмејкерот на Феникс, Крис Пол, ќе биде 11-кратен „Ол-стар играч“. Покрај него на резервната клупа во тимот на Западната конференција ќе бидат и: Ентони Дејвис (Лејкерс), Пол Џорџ (Клиперс), Руди Гоберт, Донован Мичел (двајцата од Јута), Демијан Лилард (Портланд) и Сион Вилијамсон (Њу Орлеанс).
Браун, Лавин, Рендл и Вилијамсон ќе играат за прв пат на „Ол-стар“ натпревар.
Пред пет дена беа објавени и првите петорки од двете конференции.
Седумдесеттиот НБА „Ол-Стар“ натпревар ќе се одржи на 7 март во Атланта.