Екипата на Торонто загуби од Филаделфија (93:100) во ноќешниот натпревар од новата сезона во НБА лигата.
Овој пораз беше трет во трите натпревари од сезоната 2020/21 за канадскиот тим. „Репторс“ го бележат својот најлош старт во последните 15 години. Торонто последен пат започна со три последователни порази во 2005/06 година. Тогаш тимот загуби девет натпревари по ред.
Следниот натпревар на Торонто е на 1 јануари против Њујорк.