Кошаркарите на Голден Стејт, предводени од Стивен Кари, го совладаа Денвер со 113-102, во еден од двата натпревари одиграни синоќа во НБА лигата.
Кари беше најдобар стрелец во редовите на Голден Стејт со 34 кошеви, и со тој ефект ја мина границата од 20.000 поени во кариерата.
Кари е 49. кошаркар во историјата на НБА, кој стигна до бројката од 20.000 поени, и сега има 20.006.
Во вториот натпревар од синоќешната програма, Бруклин со 129-100 ја совлада Филаделфија.