Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум постигна 60 ноќеска во победата над Сан Антонио со 143:140 извојувана по продолжение.

Дваесет и тригодишниот Американец го повтори клупскиот рекорд по постигнати поени на еден натпревар. Претходно легендата на Селтикс, Лери Бирд во 1985 година постигна 60 поени на натпреварот против Атланта (126:115).

Покрај тоа, Татум стана првиот играч во историјата на Бостон кој постигнал најмалку 50 поени на два меча во една сезона.

За потсетување, на 9 април Тејтум постигна 53 поени на мечот со Минесота од регуларниот дел на НБА-лигата.