Тимот на Бруклин ноќеска загуби од Торонто на својот терен со 121:102 и го забележа петти пораз во низа во овој дел од сезоната во НБА.

Милвоки продолжува со победите, откако беше поуспешен од Сан Антонио, додека Далас и покрај трипл-даблот на Дончиќ (39 поени, 12 скока и 10 асистенции) загуби дома од Шарлот.

Резултати на натпреварите во НБА лигата играни ноќта сабота кон недела:

Бруклин – Торонто 102:121
Орланод – Јута 96:109
Атланта – Индијана 116:111
Кливленд – Оклахома 106:121
Чикаго – Бостон 104:111
Вашингтон – Денвер 128:114
Далас – Шарлот 120:123 (по продолжение)
Голден Стејт – Детроит 104:111
Милвоки – Сан Антонио 127:118
Сакраменто – Њу Орлеанс 115:117.