Комесарот на НБА, Адам Силвер изјави дека лигата разгледува три опции за продолжување на сезоната.
Според него, НБА лигата може да ги продолжи натпреварите со публиката ако биде безбедно, да се игра пред празни трибини, а разгледана е и можноста за организирање на добротворен турнир на кој би учествувале разни играчи.
Третата опција претпоставува дека кошаркарите би биле тестирани и изолирани, по што би можеле да одат на теренот.
– Луѓето се заглавени дома. Тие треба да се забавуваат, рече Силвер.
НБА лигата ја прекина сезоната најмалку 30 дена поради коронавирусот.