Екипата на Далас триумфираше синоќа во НБА лигата над Вашингтон со 125:124, предводена од расположениот Лука Дончиќ кој уфрли 31 поени, додавајќи и 12 скокови и рекордни 20 асистенции во кариерата
Словенечкиот кошаркар со тоа им се приклучи на Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук како четвртиот кошаркар во историјата на НБА со трипл-дабл ефект на еден натпревар од + 30 поени, 20 асистенции и 10 скокови.
Од друга страна, неславен рекорд постави екипата на Оклахома, која загуби од Индијана со 152:95, претрпувајќи го највисокиот пораз на домашен терен во клупската историја.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:
Шарлот – Детроит 107:94
Хјустон – Голден Стејт 87:113
Атланта – Чикаго 108:97
Кливленд – Мајами 107:124
Орландо – Мемфис 112:111
Минесота – Њу Орлеанс 134:140 (по продолжение)
Оклахома – Индијана 95:152
Далас – Вашингтон 125:124
Јута – Торонто 106 :102
ЛА Клиперс – Денвер 104:110.