Финансиските регулаторни тела во земјава на од 29 до 31 мај го организираат третото издание на Деновите на финансиска писменот во соработка со приватните финансиски компании.
Во текот на Деновите, институциите и компаниите, ќе спроведат бројни информативно-едукативни средби.
Народната банка, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиска писменост, ги повикува граѓантие за присуство на едукативни презентации во Народнбата банка на теми платен систем и платежни услуги на 29 мај, банкарски систем на 30 мај и монетарна политика на 31 мај.
Со цел организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес од граѓаните, сите заинтересирани лица треба да го најават своето присуство преку порака на е–адресата edukacija@nbrm.mk или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм.
За присуство на презентациите можат да се пријават и претставници/тимови на приватни компании.
Рокот за пријавување е 27 мај 2019 година или до пополнување на максималниот број присутни, согласно со просторните капацитети.
Во текот на Деновите на финансиската писменост, во просториите на Народната банка ќе има и инфо-пулт, на кој во периодот од 10 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат одговор на нивните прашања од сферата на централнобанкарското работење кај нас. Заинтересираните ќе може да го посетат и Музејот на Народната банка.