Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале до сега , соопшти Русија. Ситуацијата во градот е катастрофална, комплетно е оштетена инфраструктурата, објектите се срамнети со земја, а по улиците има отпадни води кои се закана од потенцијална епидемија на колера. Портпаролот на руското министерството за одбрана изјави дека само во изминатите 24 часа 265 украински војници, од кои 50 ранети, го положиле оружјето.
„Милитантите на националистичката единица „Азов“ и украинските војници блокирани во фабриката „Азовстал“ продолжуваат да се предаваат во Мариупол. Во текот на изминатите 24 часа, 694 милитанти го положија оружјето и се предале, вклучително и 29 ранети. Пренесени се во болница во Народна Република Доњецк“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана
Вчерашните извештаи на медиумите говореа за околу 260 украински војници кои се предале.
Од украинската армија информираат дека Русија продолжува со ракетните напади врз воени цели и цивили низ цела Украина. Зеленски тврди дека гранатирани биле регионите Лавов, Суми и Чернихив и воздушни напади во Луганск.