Два дена пред официјалното отворање на вториот бугарски клуб во земјава „Цар Борис Трети“ во Владата се одржа конститутивната седница на советодавното тело кое ќе дава мислења за употреба на име на некоја историска или друга позната личност во имињата на здруженијата и други правни лица.
Како што соопштија оттаму, за претседавач на телото, едногласно е избран проф. Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија.
Ескпертското тело има 7 постојани членови кои се номинирани од самите институции, а меѓу нив е и академик Драги Ѓоргиев кој е и претседавач на македонскиот тим од заедничката историска комисија со Бугарија. Покрај седумте членови, по потреба ќе се именуваат и двајца од граѓанските организации и други институции зависно од личноста за која ќе се дискутира, информираат од Владата.
Сепак, новоформираното тело нема да го разгледува името на бугарското здружение Цар Борис Трети, ниту пак тоа на Ванчо Михајлов. Професор Бобан Петровски за Канал 5 вели дека ингеренциите на ова советодавно тело не навлегуваат во веќе формирани здруженија.
– Улогата на ова тело е да дава свое мислење до Министерството за правда. Значи телото работи само доколку до министерството за правда се поднесе барање од некое здружение на граѓани во чиешто име би се содржала некоја историска личност или позната личност. Само тогаш, секретарот на ова тело би не свикал нас и ние би дале тогаш мислење по тоа име. Ингеренциите на ова советодавно тело не навлегуваат во веќе формирани здруженија. Значи, за здружението Цар Борис или претходно она што целата јавност го знае за клубот Иван Михајлов, тие се веќе формирани. Така што ова тело формално правно не може да се произнесе по истите, туку може да се произнесе само доколку има ново барање до министерството за правда во коешто ќе биде употребно име на некоја историска или позната личност, вели проф. Петровски за Канал 5.
Првиот тест на експертското тело се очекува да биде уште едно бугарско здружение со контроверзно име, цар Фердинанд во Богданци.. ОД централениот регистар велат дека пријавата е пристигната и е во постапка на постапка на разгледување, но се уште не е одобрена. Побарале да се отсранат утврдените недостатоци, но се уште одговор од подносителот на добиле..
Советодавното тело е ад хок решение се додека да се донесе нов Закон за здруженија и фондации со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи.