Судбината на 12 лица се уште е непозната по експлозијата во магацин за пиротехничка опрема во Сергиево Посад кај Москва, а тие се водат за исчезнати, изјави денеска Олга Врадиј од Централниот комитет на Московскиот регион.
„Во моментов се утврдува судбината на 12 лица кои се сметаат за исчезнати“, изјави таа за новинската агенција РИА.
Едно лице загинало, а повеќе од 50 луѓе се повредени во експлозијата што се случи вчера во фабриката на оптичко-механичката фабрика Загорск.
Во болница се хоспитализирани 23 лица, од кои петмина се во тешка состојба.
Во експлозијата е уништен хангар со површина од 1.600 метри квадратни, кој бил закупен од приватна компанија на земјиштето на фабриката, а од силината на експлозијата пукнале стаклата на неколку куќи во близина на фабриката.
Оптичко-механичката фабрика Загорск е водечки производител на оптички и електронски уреди што ги користат полицијата и здравствените работници.