Финиширањето на преговорите меѓу Грција и Македонија се во застој заради несогласувањето околу „интерпретацијата“ на правните документи, а не за принципите, пренесува „Катимерини“ висок владини претставник во Скопје.
Како и да е, продолжува весникот во својот напис, двете страни сигнализираа дека во наредните денови очекваат договор, иако Атина не пропушти да истакне дека премиерот Зоран Заев е тој што е кооперативен, додека министерот Никола Димитров како некој кој настојува да наоѓа пречки.
Се пренесува и изјава на вицепремиерот Бујар Османи кој вели дека и двете страни имаат разлики во пристапот, но не толку големи за да доведат до колапс на преговорите.
„Мислам дека ова се последните чекори од маратонот кој трае 35 години. Обично, последните метри се најважни и одредуваат дали се оди во позитивна или во негативна насока“, рече Османи.
Инаку, синоќа во настап на ТВ дебата проф. Љубмор Фрчкоски рече дека во моментот постои договор, односно дека се е договорено од име, до јазик и национланост, а во моментов проблем е неговата импементација, во фазите за негово спроведување.