Шерон Стоун (61) била блокирана од популарна апликација за запознавање откако нејзиниот профил бил пријавен од страна на неколку корисници дека е лажен.
Тоа го обелодени самата актерка на Твитер.
„Отидов на апликацијата Bumble за самци и ми го блокираа профилот. Некои од корисниците пријавиле дека сигурно не сум јас. Еј, Bumble, толку ли е ексклузивно да бидеш јас? Ве молам не исфрлајте ме!“, се пожали Шерон.
Покрај тоа, актерката приложила и скриншот на кој се гледа дека профилот ѝ е блокиран. На објавата пишува дека профилот ѝ е избришан бидејќи неколку корисници пријавиле дека е лажен.
I went on the @bumble dating sight and they closed my account. ??
Some users reported that it couldn’t possibly be me!
Hey @bumble, is being me exclusionary ? ??♀️
Don’t shut me out of the hive ?— Sharon Stone (@sharonstone) December 30, 2019
Набрзо пристигна и извинувањето од страна на Bumble.
„Се извинуваме поради забуната… Да си толкава икона, разбираме зошто нашите корисници се збуниле и помислиле дека нејзиниот профил всушност е лажен“, рекол претставникот.