Германскиот канцелар Олаф Шолц кажа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не го примил германскиот претседател и тоа ја иритира Германија.

„Претседателот сакаше да оди во Украина и да го посети Зеленски“, кажа Шолц.

Шолц притоа додаде дека не планира да ја посети Украина, зашто контактира постојано со Зеленски.

„Билд“ претходно откри дека Зеленски одбил да го прими Штајнмаер поради неговите блиски односи со Русија во последните години.