Судот во Милано ѝ наложи на новинарката Џулија Кортес да ѝ плати на италијанската премиерка, Џорџа Мелони, отштета од вкупно 5.000 евра бидејќи ја исмевала на социјалните мрежи.
Новинарката и во октомври 2021 година доби условна казна од 1.200 евра поради исмејување на висината на премиерката на Икс (поранешен Твитер), а објави и ретуширана фотографија од Мелони и од покојниот фашистички лидер Бенито Мусолини.
Кортес може да поднесе жалба за пресудата, а адвокатот на премиерката рече дека парите за отштета ќе бидат донирани во добротворни цели.