Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам, синоќа го повика населението доброволно да ја намали употребата на вода до 15 отсто бидејќи државата e зафатена од суша, и ја прошири вонредната состојба до речиси половина држава, јави дописникот на МИА од Вашингтон, повикувајќи се на американските медиуми.
Поради сушата, Њусам објави вонредна состојба во 50 од 58 окрузи на Калифорнија, каде живеат околу 42 отсто од населението. За големите окрузи како Лос Анѓелес, Сан Диего и Сан Франциско, не важи вонредната состојба.
Во сојузната држава наскоро ќе има гласање за негова недоворба, и ако 50 отсто од избирачите гласаат за тоа, ќе има избори. Највероатно затоа нема извршна наредба за рестрикции на водата.
-Се надеваме дека луѓето ја разбираат сиуацијата како за време на последната суша, и ќе прибегнат кон 15 процентно доброволно кратење на користењето вода не само во своите домови туку и во рамките на индустриските и комерцијалните активности и земјоделските работи, изјави Њусам на брифинг за новинарите.
Тој советуваше намалено новоднување на тревниците, одење пократко на туширање и поправање на пропуштањето вода, истакнувајќи дека „не сакаме да се бидеме деспоти“ и дека „ова е само доброволно“.
Њусам се држи добро на рејтинизте и повиците за гласање за негова недоверба е поттикнато од неговото справување со пандемијата и рестрикциите поради тоа.
Во северниот дел на Калифорнија моментално има пожари,.а најважните резервоари на вода се на критично ниско ниво.