Со заедничка декларација во која 2030 е зацртана како годината од која не подоцна би се случило следното проширување на Унијата, денеска заврши десеттиот самит на претседатели во регионот како дел од Процесот „Брдо – Бриони“. Претседателите на Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина по пауза од два самита денеска успеја да ја усогласат заедничката декларација за забрзување на зачленувањето на регионот во ЕУ. Но, иако зад овој датум застанаа сите на состанокот, прв кој изрази скпетицизам во неговото исполнување и тоа веднаш по излегувањето од салата беше српскиот претседател, објавува ТВ Телма.
Претседателите на земјите основачи на Процесот „Брдо – Бриони“ хрватскиот, Зоран Милановиќ и на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на прес-коференцијата по самитот со порака дека двете земји можат да го помогнат интегрирањето да не се пролонгира уште повеќе. Тие упатија порака и за билатералните спорови ви-за-ви исполнувањето на критериумите.
Македонскиот претседател, кој беше домаќин на овогодишниот самит, со јасен став дека регионалната клаузула секогаш била обврзувачка при пристапувањето, но оти во случајот на Македонија постои дебаланс меѓу критериумите за членство и билатерааните односи.
Од Процесот „Брдо – Бриони“ беше испратено и едно „не“ за идејата на францускиот претседател, Емануел Макрон, за Европа со повеќе брзини, во контекст на нејзиното проширување.
Пендаровски, пак, со став дека е тоа стар предлог на Макрон, кој сè уште не е официјално ставен на маса во ЕУ.
Годинешниот Процес „Брдо – Бриони“ на маса ги отвори и прашања за климатските промени и енергетската ефикасност на регионот, заштитата на животната средина, но и запирањето на иселувањето на младите, како клучни прашања за неговата иднина.
Процесот освен политичката декларација донесе и две конкретни иницијативи, а тоа е вклучување на роамингот за државите од регионот во роамингот на Унијата, како и вклучување на Западниот Балкан во механизмот на ЕУ за реакција од природни катастрофи.