Наполи синоќа го победи Јувентус во финалето на Купот на Италија на пенали со 4:2. По крајот на натпреварот започнаа масовни прослави на улиците на Неапол.
Жителите на градот се собраа во големи групи, прегрнати и со песна до доцна во ноќта, занемарувајќи ги правилата за физичка дистанца, воведени поради пандемијата на коронавирус.