Општина Неготино и Кавадарци ги информираа граѓаните дека поради трагичен настан кој ја потресе цела држава се откажуваат сите планирани настани и активности по повод „Свети Трифун.
Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на Општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба.
И Кавадарци ја откажа денешната манифестација по повод Свети Трифун, кавадарчани може да присуствуваат на литургиите во храмовите и симболичното закројување, информираат од општината по страшната сообраќајка.
-Ова е голема трагедија за нашата земја, во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа. Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Кавадарци и граѓанитеизразуваат длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените, велат од локалната самоуправа.
Претходно, културно уметничките програми ги откажаа од општина Демир Капија.