Многумина веруваат дека хороскопот може да ни помогне да најдеме одговор за нечие нејасно однесување, покрај тоа што открива многу основни карактеристики за личноста.
Еден од одговорите кои може да ги даде хороскопот е и тоа зошто тој игра игри со вас.
Овен
Тој воошто не е сигурен дали сака да биде со вас. Има неколку девојки во неговиот живот кои му се допаѓаат, и со сите се однесува на истиот начин. Неодлучен е и мрзелив, а не сака да носи погрешни одлуки. Тој ја сака најдобрата девојка за себе.
Бик
Родените во овој знак испраќаат измешани сигнали бидејќи се плашат од тоа колку им се допаѓате. Тој не сака да направи хаос и да изгледа очаен и затоа се однесува како да е недостижен. Но, во реалноста – навистина му се допаѓате.
Близнаци
Тој игра игри со вас бидејќи навистина не знае што сака. Еден ден ве сака за пријателка, другиот ден сака секс, а потоа се однесува како да е заљубен во вас. На крајот, се однесува како да заборавил на вас и така во круг.
Рак
Мажите родени во овој знак уживаат во самотијата и понекогаш таа им значи повеќе од жените во неговиот живот. Доколку не одговара на вашите пораки тоа не значи дека не му се допаѓате, туку дека ужива сам. Ако сакате да бидете со личност родена во овој знак, морате да ги прифатите честите промени во однесувањето и постојаната потреба да бидат сами.
Лав
Тој испраќа измешани сигнали и си игра со вас, бидејќи не му се допаѓате, но го посакува вашето внимание. Тоа го прави поради своето его. Ќе направи секаков напор за да ви се допадне, за да му се предадете, а потоа ќе го пренасочи своето внимание на нешто друго. Тој сака милион девојки околу себе, бидејќи тоа многу влијае на неговата самодоверба.
Девица
Тој игра игри, бидејќи не знае како да ви покаже дека му се допаѓате. Мажите родени во овој знак не се романтични и едноставно не се личности кои директно ќе ви кажат и покажат како се чувствуваат.
Вага
Вагите играат игри бидејќи се срамежкиви. Тој флертува со вас на секој можен начин, но ве нема повикано на состанок, бидејќи се надева дека вие ќе го направите првиот чекор. Мажот вага не сака да се чувствува отфрлено и да направи будала од себе.
Шкорпија
Личноста родена во овој знак обожава да флертува. Можеби мислите дека тој ве третира како да сте најспецијална личност на светот, но тој се однесува така со сите околу него. Најлошиот дел е што многу доцна ќе сфатите дека тој си игра со вас.
Стрелец
Стрелецот ги сака игрите колку што го сака и самотничкиот живот и авантурите во него. За него е интересно да флертува, но тоа не значи секогаш дека сигурно сака нешто од вас. Како и да е, тој никогаш не сака сериозна врска, која и да сте.
Јарец
Јарецот си игра со вас бидејќи не е сигурен дали сака сериозна врска. Тој сака да биде со вас, но не сака брзо да навлегува во работите и не сака да ви го скрши срцето. Мажот роден во овој знак е само претпазлив.
Водолија
Водолиите играат игри, бидејќи љубовта не е единственото нешто кое го имаат на ум. Да, веројатно му се допаѓате, но тој е загрижен и за својата кариера, за проблемите на своите пријатели и никогаш нема да му бидете приоритет.
Риби
Тој испраќа измешани сигнали бидејќи не сака да го уништи вашето пријателство. Кога и да покаже интерес за вас, тој се повлекува бидејќи премногу размислува и анализира, мислејќи дека можеби не се чувствувате исто.