Турција и официјално побара членство во групата БРИКС со цел да го зајакне своето глобално влијание и да изгради нови врски надвор од традиционалните западни сојузници, објави денеска „Блумберг“ повикувајќи се на неименувани извори.
„Турција може да стане силна, просперитетна, престижна и ефикасна земја доколку истовремено ги подобри односите со Истокот и Западот. Секој друг метод нема да биде од корист за Турција, туку ќе ѝ наштети“, рече Ердоган за време на викендот.
Според „Блумберг“, одлуката на Турција да се приклучи на БРИКС делумно доаѓа по одредено заладување во односите со Западот, што се случи откако Турција одлучи да остане во добри односи со Русија.
Групата БРИКС се состои од Бразил, Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија и Египет, а Саудиска Арабија е поканета да се приклучи.
Кон крајот на октомври во Казан, Русија, може да се зборува за кандидатурата на Турција, пишува „Блумберг“.
Малезија, Тајланд и Азербејџан се меѓу другите земји што сакаат да ѝ се приклучат на БРИКС.