Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар му одговорил на Реал Мадрид со барање „Кралскиот клуб“ да го почека една година. Според „АС“, Бразилецот сака да се пресели во Мадрид, но не сака да ги остави парижаните на цедило во сезоната што следува.
Тој, наводно, им кажал на претставниците на Реал, дека се согласува да премине во Мадрид но после една година.
Според изворот, Нејмар ќе игра во ПСЖ и сезоната 2018/19, а потоа ќе се обиде да замине на „Сантијаго Бернабеу“.
Наводно, ѕвездата на ПСЖ не сака да се конфронтира со раководството на клубот кое во многу случаи имало разбирање и било коректно кон него.