Учеството на Нејмар во натпреварот на ПСЖ како гостин на Амиен од Лигата 1 денеска е под знак прашалник. Бразилецот вчера го пропушти тренингот на шампионите, бидејќи се чувствувал уморен.
Напаѓачот постигна гол во шокантниот пораз од 1:2 дома против Гинган во средата за Лига Купот.
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, исто така, чувствувал замор и го пропушти тренингот на парижаните вчера.
Париз Сен Жермен е лидер во француското првенство со 47 поени по 17 натпревари.